About Donia

За Дониа

Дониа е динамична и брзо-растечка македонска компанија која произведува традиционални деликатеси како што се локум, алва и голем асортиман на бомбони, бисквити, вафли и колачи. Компанијата е основана во 2001 година со седиште во Прилеп.

 

Дониа ги дистрибуира своите производи национално во мали и средни продажни места вклучувајќи и големи ланци на супермаркети. Поголем дел од дистрибуцијата е за надворешни пазари како ЕУ, Америка и Австралија.

Дониа работи по интернационалните стандарди HACCP и ISO 22000 и има репутација за произведување високо-квалитетни производи.

 

Името Дониа е асоцирано со повеќе национално доделени награди за високи резултати во развојот на човекови ресурси, награди за најдобра амбалажа и голем број национални награди за CSR.

Нашата визија е да се постигне сатисфакција кај купувачите преку производи кои нудат задоволство и квалитет.

Историја

Во 2001 година, на речиси педесет годишна возраст, Нешка Поп-Димитријоска предвиде можност да започне со производство на традиционални деликатеси во нејзиниот роден град Прилеп во Македонија. Ова не само што ќе биде ново искуство, но и  ќе обезбеди средства за живот за својата фамилија и за скромниот тим од луѓе кои избраа да ја поддржат.

 

Како почна со работата се појавија предизвици, но нејзината амбиција и силна интуитивна вештина надмина многу пречки и ова доведе да се создаде првиот производ, локумот.

 

Во краток временски период, производот беше успешно лансиран во локалните продавници со продажба поголема од очекуваното. Ова беше катализатор што ќе ја води Дониа да создаде дополнителни производи како што се Црна алва и Таан алва, Желе бомбони, вафли и кекси.

 

Во моментов Дониа произведува повеќе од

150 производи.

Сертификации

HACCP

 

HACCP (Анализа на опасности и критични контролни точки - Hazard Analysis and Critical Control Point), претставува систем со чија помош се врши идентификација, проценка и контрола на опасностите што се значајни за безбедноста на храната. Нашата визија е директно поврзана со добрата производна практика како и анализа на опасности, бидеќи на најголем приоритет е здравјето на потрошувачот и неговата добросостојба. Сите наши работни процеси се внимателно мониторирани од влезот на самите репроматеријали, производствени процеси, пакување и транспорт на нашите производи.

Ние се грижиме за нашите потрошувачи бидеќи веруваме во долга соработка, партнерство и взаемно задоволство.

 

 

GLK

 

Сертификатот GLK го доделува Германската агенција Michel Institut за практикување на добра производна и хигиенска пракса. Со овој сертификат Дониа влезе во групата на неколкуте македонски компании кои го имаат ова престижно признание.

 

 

Excellent SME (Small & Medium Enterprises)

 

Стопанската комора на Македонија потврдува дека долунаведената компанија ги задоволува

критериумите за сертификација и и е доделен Excellent SME Macedonia дигитален вебсајт сертификат. Основа за сертификацијата е кредитниот извештај и редовниот мониторинг од страна на COFACE - компанија за кредитен рејтинг.

Submitting Form...

The server encountered an error.

Thank you. Your sign-up was successful.

© 2014 Donia. Сите Права Задржани.  |  Услови.