Накратко, општествената одговорност на претпријатијата претставува концепт со кој компаниите на доброволна основа ги интегрираат социјалните аспекти, аспектите на животната средина и пошироките економски прашања во своето деловно работење и во својата интеракција со заинтересираните страни. Позитивниот пример и импактот на средината во која самата компанија делува со самиот начин на работење, е она што одредена компанија ја прави општествено одговорна или неодговорна. Основата на целиот концепт не е воопшто нова, и релативно е едноставна. Во најопшт случај, компаниите, како деловни субјекти, се дел од самото општество и со самото тоа имаат влијание на него. Значи сите работи и активности кои ги преземаме неминовно не менуваат нас, компаниите во кои делуваме, но и сферата на нашето делување односно заедницата во која опстојуваме.

 

Компаниите како и поединците градат одреден однос кон своето опкружување и самите одлучуваат, дали преку своето однесување ќе градат позитивен или негативен однос кон околината. Сите ние без оглед на нашата големина или моќ да ги менуваме работите сме должни да водиме сметка за последиците од нашите постапки и треба да се стремиме да ги избегнеме оние кои би довеле до негативни влијанија.

Како препознатлива компанија во делот на општествено одговорните практики, Дониа во последните 5 години конcтантно добива национални награди и признанија за следните категории на работа во делот на ООП:

  Односи со заедницата

  Односи со вработените

  Односи со пазарот

  Етичко работење

 

Во 2012 година е добитник и на јубилејно признание заради континуирано промовирање на општествената одговорност во заедницата каде што опстојува.

Како општествено одговорна компанија, веќе две години Дониа е дел од Global Compact иницијативата на Обединетите Нации.

Submitting Form...

The server encountered an error.

Thank you. Your sign-up was successful.

© 2014 Donia. Сите Права Задржани.  |  Услови.